Британското кралско семејство реагираше на тврдењата кои Меган Маркл и Хари ги изнесоа во интервјуто за Опра Винфри.
Имено, кралското семејство издаде соопштение по пово интервјуто на Меган и Хари.
„Целото семејство со тага го прими сознанието дека последните две години биле тешки за Меган Маркл и Хари. Загрижувачки се работите за кои зборуваа, посебено за делот на расата. Иако на некои случувања можеби се сеќаваме на различни начини, секако дека се однесуваме сериозно и семејството приватно ќе ги контактира“, пишува во официјалното соопштение.
Потсетуваме, Меган истакна дека за време на бременоста со Арчи размислува за самоубиство, а Хари истакна дека морале да го напуштат кралскиот двор за да го зачува семејството.