Радио Милева
Им недостига

Копање по минатото: Еве што пишуваат српските медиуми за Каролина Гочева…

Копање по минатото: Еве што пишуваат српските медиуми за Каролина Гочева…

За нашата поп-фолк пејачка Каролина Гочева, одвреме навреме знае да осамне по некој напис во српските медиуми, а овој пат еден таков се најде на Стори.рс кои пишуваат, односно копаат по љубовното минато на пејачката за кое акцентираа најмногу од пишаното, а не заобиколија и со комплименти на сметка на изгледот и тоа дека и недостига на српската сцена, па навеедуват:

„Иако е сè уште многу популарна во Македонија, на нашите простори ретко ја гледаме, а најновите фотографии кои се појавија на нејзиниот „Инстаграм“ профил сведочат дека преслатката Каролина на која никој не можеше да остане рамнодушен, сепак плени со својата неверојатна убавина и харизма. Kоментарите за фантастичниот изглед на Каролина Гочева не престануваат да се редат на социјалните мрежи, а многумина забележаа дека физички таа не се променила многу“, пишува Стори.рс, па продолжуваат:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

„Иако сега има малку поинакви животни приоритети, нејзиниот љубовен живот отсекогаш бил под будното око на јавноста, а познато е дека талентираната македонска пејачка беше во кратка врска со Михајло Ражнатовиќ, синот на Жељко Ражнатовиќ -Аркан. После тоа се забавувала со Нико, богат Грк, кој живее во Битола, каде што има своја текстилна фабрика. Со него почнала да излегува кога кон крајот на летото 2011 година кога раскинала со младиот скопски бизнисмен Јован Пановски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

На 23 септември 2017 година, Каролина се омажи за шест години помладиот Михаил Корубин, магистер за ликовни уметности, кого го запознала за време на снимањето на насловната страница на нејзиниот албум „Извор“, како што раскажала во едно интервју.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Се венчаа во необичен амбиент, во еден од воените хангари на аеродромот Стенковец во Скопје, завршува текстот на споменатиот медиум кој не се штедеше да ја потсети својата публика за Каролина.

извор:Стори.рс
фото:Инстаграм/Каролина Гочева

Останати вести од Радио Милева