Мегафон

Концерт на семејното трио „Tengger“ во МКЦ

Концерт на семејното трио „Tengger“ во МКЦ
„TENGGER“ е патувачко музичко семејство, составено од пан-азиски пар, Ита и Маркидо, кои го создаваат својот бренд на “Psy/New-Age/Drone” магија преку употреба на мелодеон, глас и инструменти играчки (свирени од Ита) и аналогни синтисајзери (свирени од Маркидо). Дуото првично започна со називот „10“, но од раѓањето на нивниот син РААИ (кој им се придружува на турнеите и често на сцената) во 2012 година, се нарекуваат TENGGER (што значи „неограничено небо на монголски јазик“) за да го одбележат проширувањето на семејството. Исто така, на унгарски значи „огромно море“. Патувањето, како духовно искуство во реални средини, и звукот меѓу просторот и публиката беа централни теми на нивните дела. Годишните аџилаци на семејството го информираат секој аспект од нивната уметност.
КОнцертот ќе се одржи на  24 февруари 2023 (петок), со почеток во 20.30 часот.
Билети можете да набавите на следниов линк: https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1170
To top