Ана Ѓуриќ позната како Констракта победи на „Беовизија“ ќе ја претставува Србија на Евровизија 2022 година.
Констратка го привлече вниманието со својот перформанс, силен текст и порака.
Фолкерот Аца Лукас со песната „Оскар“ се најде на 5-то место во финалето. Тој не го криеше своето незадоволство што не победи, па дури истакна дека не му се допаѓа песната
-Јас имав добра песна, сакав да направам нешто за себе и за својата држава. Не се изнервирав и не се налутив, едноставно се откажав кога видов дека од тоа нема ништо, вели фолкерот и додаде:
-Песната не ми се допаѓа. Имаше многу подобри. Да си ги миев нозете на сцена, можеби ќе победив, вели Лукас.
На овој коментар му врати Констракта, па се пошегува велејќи дека ако ги миел нозете во лабаво можеби ќе победил.
-Забавно ми е. Би било подобро јас да му ги миев нозете во лабаво. Но, исто таак ќе кажам дека не сум сигурна дека тоа Лукас го изјавил. Не знам дали тој тоа навистина го кажал, забавно е. Духовито, вели српската претставничка На Евровизија.
фото: принтскрин/јутуб/ата имагес