Крајот на учебната година конечно дојде, а со тоа и летото. Детскиот џагор по улиците и по парковите ќе ја заменат тишината, па летниот распуст сите ќе го искористат за повеќе забава и одмор.
За тоа се израдуваа и познатите Македонки кои со емотивни пораќи и кажаа „Чао“ на школската година.
Македонската фолк ѕвезда Сузана Гавазова во нејзините густо набиени сторија на социјалните мрежи редовно објавува разно разни ситуации од музичките настапи но и од приватниот живот, а сега се најде и едно на кое ги покажа и нејзините две ќерки, Емили и Селена по повод крајот на учебната година, а на објавата напиша:
-Конечно распуст! Заврши уште една учебна година. Браво за моите ќерки, браво за истрајноста и за трудот што го дадовте вие и вашите учители. На сите ви посакуваме убаво и весело лето! – напиша фолк пејачката Сузана Гавазова.
Емотивна порака напиша и македонската пејачка Тамара Тодевка која ја покажа ќерката Хана како со ранчето заминува од училишниот двор во пресрет на летниот одмор.
Екс водителката, инфлуенсерката Миа Костова на нејзиниот Инстаграм профил објави и нешто повеќе од само честитка. Таа сподели емотивна фотографија на која потврди дека нејзиниот син Андрија ја имал најдобрата наставничка со која сега е моментот кога треба и да се збогуваат.
„Мојот голем со омилената наставничка од која никако не може да се прости. Ви посакувам на сите една Маја како наставник и вистинска љубов на децата. Многу ќе ни недостига. Убаво лето дечки – им посака Миа на сите.
Ред солзи, ред насмевки весели срца но и помалку тажни иако е за убаво, сепак емоциите си го прават своето.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Сузана Гавазова/Тамара Тодевска/Миа Костова