На премиерата на филмот „Кралот на лавовите“, Бијонсе и Меган првпат се сретнаа и се поздравија како да се познаваат 100 години.
Меган и Бијонсе беа во друштво на нивните сопрузи, а на средбата разменија и некој збор за нивните деца.
Бијонсе неколку пати нагласи дека и се допаѓаат принцот Хари и Меган, а кога им се роди син, веднаш порача дека Арчи е прекрасен.
Откако се породи, ова е прво ноќно излегување на војвотката.
Меган на примиерата се појави во црн фустан, додека пак Бијонсе за оваа прилика облече жолт фустан.
Како изгледаше нивната средба погледнете во видеото подолу.