Мегафон За 30 години македонска независност

Концерт на Влатко Стефановски со симфониски оркестар во Македонска филхармонија

Концерт на Влатко Стефановски со симфониски оркестар во Македонска филхармонија

По повод прославата на 30 годишнината од македонската независност вечерва на археолошкиот локалитет Стоби ќе настапи групата Синтезис, а на 6 септември во Филхармонијата на Република Македонија ќе се одржи концерт на Влатко Стефановски со симфониски оркестар, под диригентска палка на Џијан Емин.

„Вечерва концерт ќе одржи Синтезис изведувајќи дела од својот богат музички опус со кој како амбасадори на културата не преставуваат во светот повеќе од 25 години.

Во понеделник пак, 6 септември, во Филхармонијата на РСМ ќе се одржи ексклузивен концерт на Влатко Стефановски со симфониски оркестар, под диригентска палка на Џијан Емин. Добро познатите композиции на Стефановски, во аранжмани на Емин се гаранција за неповторливо и уникатно искуство. Концертот првично беше најавен да се одржи на тврдината Кале, но, поради променливото време и можните врнежи, концертот сепак ќе се одржи во затворен простор“ – се вели во соопштението од Баги комуникации.

 

To top