Мегафон Jazz

Концерт на „Васил Хаџиманов бенд“ во Дом на АРМ

Концерт на „Васил Хаџиманов бенд“ во Дом на АРМ

На 05. декември во Домот на АРМ  концерт ќе одржи џез составот „Васил Хаџиманов бенд“ од Белград.

Во бендот на џез пијанистот со македонско потекло, син на познатиот македонски пејач и актер  Зафир Хаџиманов и пејачката Сенка Велетанлиќ, членуваат: Васил Хаџиманов – пијано, Бојан Ивковиќ- перкусии, вокал, Бранко Тријиќ- гитара, Мирослав Товирац- бас гитара, Предраг Милутиновиќ- тапани.


Бендот се оформува во 1995 година кога и за прв пат почнуваат да имаат настапи во живо. Во 2001 во соработка со PGP-RTS го издаваат своето прво ЦД и касета под наслов “11 reasons for…” . До денес имаат издадено седум авторски албуми; ”Kafanki”, “3-sega mu e majkata”, “Zivota mi”, “Can you dig it”, “Alive”, “Lines in sand”.

Во нивната биографија гордо ја спомнуваат и соработката со познатиот режисер Горан Паскалевиќ и неговата филмска екипа, за изработка на документарен филм за Белград. Сите нивни изданија се прогласени за уметнички дела кои се од културно значење за Србија.


Mузиката на Васил Хаџиманов се одликува со комбинирање на балкански традиционални фолк ритмови со модерни музички стилови, што ја прави потполно автентична и со единствен пристап во џезот.


Затоа и секој нивен концерт е незаборавно искуство!
Влезници он-лине и во Југотон ( Купи карти за се’ ) ГТЦ -Скопје .
https://www.vhband.com/

To top