Мегафон

Концерт на платото пред „Универзална сала“: „50 години Скопски“ на претстојната „Бела ноќ“ во Скопје

Концерт на платото пред „Универзална сала“:  „50 години Скопски“ на претстојната „Бела ноќ“ во Скопје

На 15-тата јубилејна „Бела ноќ“ во Скопје, на 5-ти октомври како дел од годинешната програма, на платото пред Универзалната сала ќе се одржи концертот „50 години Скопски“.

Почетокот е закажан за 20 часот. Овој настан ќе ја одбележи важноста на еден грандиозен фестивал на кој се родиле голем број музички имиња што оставиле огромни хитови, кои се уште се актуелни. Во придружба на Биг бендот, скопјани ќе се потсетат на најголемите хитови од Скопскиот фестивал со настапите на Драган Мијалковски, Славе Димитров, Верица Ристовска, Лидија Кочовска, Сашо Гигов, Ѓоко Таневски, Сара Мејс и “Ај Кју“.

На 15 локации, истовремено, уметници, музичари и сите кои се дел од „Бела ноќ“ на присутните ќе им понудат најразлична културно-уметничка содржина. Веќе 15 години, фестивалот ја доближува уметноста до граѓаните, со концептот кој одговара на урбаната заедница која се поистоветува со својот град.

 

To top