Мегафон скопско лето 2021

Концерт на етно составот „Монистра“ во Сули Ан

Концерт на етно составот „Монистра“ во Сули Ан

Вечерва, 21-ви јули (среда) ќе се одржи концертот насловен „Киниса моме на вода” на етно составот „Монистра” на Факултетот за ликовни уметности – објектот Сули Ан, со почеток во 20:30 часот. Учесници на концертот се: Габриела Јанушевска – вокал, Александар Јовевски – кавал, тамбура, гајда, тапан, Јован Стрезовски – тамбура, Филип Николовски – тамбура, Дарко Ничевски – клавијатури, Марјан Андоновски – тапан, тарабука, перкусии, Дамјан Зифовски – ударни инструменти, перкусии.

Концертот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани, а билети може да се купат пред почетокот на концертот на влезот на објектот Сули Ан.

To top