Мегафон

Концерт: Mr. Ziggy And The Glass Spiders со трибјут за Дејвид Боуви

Концерт: Mr. Ziggy And The Glass Spiders со трибјут за Дејвид Боуви

Концертот на Mr. Ziggy And The Glass Spiders, трибјут бендот за легендарниот (David Bowie),  ќе се одржи на 31 март, сабота, во малата сала на ВИП Арената – Борис Трајковски.
Вратите ќе бидат отворени уште во 20 часот кога ќе се проектира документарниот филм за Дејвид Боуви, а концертот ќе почне во 21 часот.

Бендот постои од 1991 г. и досега реализирал бројни настапи и турнеи во цела Европа. Во 1993 г. се наградени како „Најдобар трибјут бенд во Рим“. Mr. Ziggy And The Glass Spiders изведуваат песни од различни периоди од богатиот опус на Дејвид Боуви и за 2 и пол часа, колку што вообичаено траат нивните настапи, ќе ги свират најголемите хитови на господинот на популарната музика како што го ословуваат тие, големиот Дејвид Боуви

На концертот ќе има и дуети на кои ќе настапат, наши – домашни музички артисти кои заедно со Mr. Ziggy And The GlassSpiders ќе ги отпејат безвременските дуети на Дејвид Боуви кои ги отпеја заедно со, Queen, Tina Turner и Mick Jagger. Нумерите: Under Pressure, Tonight и Dancing in the Street.

Влезниците во претпродажба за концертот ќе бидат пуштени во вторник 6 март во 14:00 ч. по цена од 350 денари.
Од 19 март, понеделник, цената на влезниците ќе чини 400 денри, а на самиот ден на концертот на вратата на малата сала на ВИП Арената влезниците ќе чинат 500 денари.
Влезниците може да се најдат во Југотон, во (ГТЦ) и продажната мрежа на Тикет плус, како и онлајн на: ticketplus.mk и jugoton.mk.

Концертот ќе биде поставен по сите светски стандарди што се однесува до изгледот и дизајнот на сцената, осветлувањето, звукот и визуелните ефекти.

To top