Многумина млади заради безперспективноста и опшатата апатија, заради се она што ни се случува или веќе ја напуштилеили планираат да ја напуштат Македонија. Половината од оние што останале, сакаат ама не можат, па постојано за тоа говорат. Денес е раритет да налеташ на среќен и задоволен човек во земјава. Но, сепак ги има.
И покрај се што и се случиуваше во животот како смртта на татко и, смртта на нејзиниот брат во странство во мистериозни околности, несреќниот и промашен брак со Маленко, па ненадејната смрт на нејзиниот втор сопруг… Сузана Турунџиева е сепак, среќна жена.
Тагата, која во душата ја носи како бреме од минатото, во кое животот воопшто не ја галеше, а судбината ја шибаше со сета своја сила задавајќи и ги најболните удари, Турунџиева длабоко ја потиснала заедно со спомените и им го отстапила местото на љубовта и среќата. Тоа отворено и јавно го призна на необичен начин.
Покажувајќи дека каков и да е животот во Македонија, Сузана си ја сака својата татковина, со широко раширени раце во маичка на која е аплицирано македонското знаме, Турунџиева го откри својот став кон животот, па му се заблагодари:
„Ако ќутиш, трпиш, мамиш, СЕ ГЛЕДА! Ако се трудиш создаваш, пружаш, СЕ ГЛЕДА!
Ако нешто те мачи, загрижува, притиска И ТОА СЕ ГЛЕДА!
Ако љубиш, чувствуваш, простуваш и се заблагодаруваш, СЕ ГЛЕДА, НАЈМНОГУ… На телото, на лицето, во очите, во зборовите и во делата… дури и во мислите се гледа… А животот гледа се… И враќа! Фала ти животе!“
А, животот во последно време и носи саде радости, среќа и убавини… Неодамна ја омажи поголемата ќерка Лора, па прво стана баба на зетот, а потоа и баба на своето внуче, работи како амбасадор за грижа на корисници кај една од најпознатите македонски фирми за продажба на бренд рачни часовници, позната е како ТВ лице, а од скоро е и официјален ПР на еден од првите приватни универзитети кај нас.
Сузана Турунџиева нема причина да не биде конечено среќна и задоволна жена. И тоа се гледа!