Радио Милева

Комплетно уживање: Сара Мејс за машала – го откри трудничкиот стомак во крупен кадар

Комплетно уживање: Сара Мејс за машала – го откри трудничкиот стомак во крупен кадар

Сара Мејс за шест недели за првпат ќе стане мајка и на свет ќе го донесе своето прво бебенце, а својот сакан Димитар ќе го направи татко.

Пејачката е во последните недели од бременоста, па според пресметките на скорашната мама, породувањето би требало да се случи за нешто повеќе од еден месец.

За трудниците во сите девет месеци важи правилото да уживаат во бременоста, а Сара тоа ептен буквално го сфати и на своето бебенце во стомачето му направи квалитетна комфорна зона.

Беа на море, па на езеро, а сега очигледно Сара стигна и до базен, а трудничкиот стомак го фотографираше во крупен кадар за Инстаграм.

-Кога уживај во бременоста ќе го сфатиш буквално! Трудничко стомаче во 34 недела, напиша таа во описот на фотографијата. Епа нека е со лесно!

To top