Фолк пејачот Дарко Лазиќ секојдневно ужива во бракот со сопругата Катарина, а и двајцата на своите мрежи често споделуваат фотографии и видеа од нивното секојдневие.
Каќа сега сподели видео од нивната спална соба со своите следбеници на Инстаграм.
Имено, таа го снимила Дарко како се буди и си игра со нивните кучиња, додека едниот бил љубоморен што го гали другиот.
– Боже, колку си убав, колку си мек. Те сакам најмногу од сите чивави – низ смеа изјави Дарко, додека Ники се обидуваше да ги раздели, што и беше многу убаво на Катарина, а таа го сними тој момент.
Инаку, Дарко неодамна проговори за врската со сопругата и истакна дека никој не може да го промени, па ни таа.
Никој не може да ме промени, ако јас не сакам. Каќа имаше ефект, во смисла дека ми се допаѓа и дека сум задоволен од тоа. Немам што да менувам во животот, само нема да ги повторам грешките што ми беа лоши – забележува Дарко.
Фото: printskrin/instagram/darkolazicofficial