Андријана Јаневска денес важи за македонска пејачка, виолинист во МОБ, доцент на ФМУ, автор на музика.
Јаневска има профили на социјалните мрежи, па одвреме навреме знае да сподели некоја новост или пак некој спомен.
Така деновиве пејачката сподели фотографија која настанала пред 20 години кога беше популарен магазинот „Наш свет“.
На својот Инстаграм профил, Андријана покажа како изгледала пред две децении.
„Јас пред точно 20 години на постер во Наш Свет. Оваа фотографија е дело на Владо Георгиев. Спомени од едно прекрасно време.“, напиша таа до описот на фотографијата.
Нејзините следбеници и порачаа дека и сега прекрасно, а некои прокоментираа дека воопшто не се променила.
Јаневска својата музичка кариера ја започна пред 21 година односно во 1998 кога заедно со тогашното вокално откритие, битолчанецот Пеце Огненов во дует ја отпејаа „Те сакам бескрајно“ на „Скопскиот фестивал“,
Што мислите, колку се промени Андријана Јаневска?