Радио Милева
ѕвездата е родена?

Kолешките забележаа дека „ова утро не е нејзин ден“, а папарацо камерата од вечерта, покажа и зошто: Милена Антовска да ти била како “Шила“? (ВИДЕО)

Kолешките забележаа дека „ова утро не е нејзин ден“, а папарацо камерата од вечерта, покажа и зошто: Милена Антовска да ти била како “Шила“? (ВИДЕО)

Милена Антовска, несомнено една од првите водителски перјаници на утринската програма на Канал 5, а по потреба и достојна замена за „најдолговечната“ лото девојка – Марјана Станојковска.

Нема утро кога е на програма, Милена да не блеска и со својот атрактивен изглед, неодолив шарм, убавина, елоквентните муабети… Арно ама, како и секој од нас и долгоногата убавица има утра коага „не и е денот“… Кој пак по утрото се познава, ама затоа утрото велат е олицетворение на претходната вечер!

Ако дојдеш на работа свежа, ведра, расположена и насмеана, ноќта била спокојна и мирна за спиење, исполнета со розови сништа или била бурна, исполнета со слатки задоволства! Трето – нема!

Арно ама као се појавиш мамурна,  подзамижана, намќореста, молчелива… а колешките забележат дека „денес мааааалкуууу не ти е денот“, мора ноќта да е причината што утрото не е како и секое друго!

Особено ако уште мораш и да работиш јавна работа која сите ја гледаат, препораката е некој да се обиде утрото да ти го разубави, за да тргне денот.

Предлогот на грижливите колешки е следбениците на социјалните мрежи на водителката да и кажат некој убав збор… во инбокс!

И сето тоа убаво, арно ма она што сите ги заскокотка и колешките и ТВ гледачите, аи Инстаграм следбениците, што тоа вечерта и се случило, како ли ја минала Милена?

За да им ја разбие грижата и да ја скрати комплетната недоумица, долгоногата ТВ убавица, се погрижила самата… До душа малку таа, малку папарацо камерите од мобилните на колегите од фелата, кои сите заедно претходната вечер беа собрани на „тајната вечера“, на промоција на еден нов естраден проект, која заврши со интерна новинарско – водителска журка. А, журка без песна не бидува, ама кога баш и нема пејачи, за микрофонот се фатија и самите новинар(к)и и водител(к)и, па забавата се претвори во вистинско ПРЕСС караоке шоу!

Милена, разбирливо не остана покуса, а и да сакаше не можеше да ја избегне обврската и самата да запее. „Шила“ беше она што и се падна да го изведе, па и таа, како до душа и повеќето други, покажа дека ако случајно остане без професија, естрадната сцена едвај чека да се појави ваква „нова чудесија“!

Како тоа изгледаше и звучеше, кога песната на водителката од под „Лозница“-та ечеше, проследете во продолжение:

Фото: Инстаграм/nikolova.cc/milena_antovska

Видео: Приватна архива

Останати вести од Радио Милева