Младиот охриѓанец кој минатата сезона победи во „Ѕвездите на Гранд“, Ристе Ристески, неодамна ја промовираше својата прва песна насловена „Дојбро јутро тајно“, која периодов на големо се промовира во регионот.
За тоа секако е задолжена „Гранд“ продукција, а пак Ристе постојано е на релација Охрид-Скопје- Белград.
Дека вредно и посветено работи на својата музичка кариера, потврдуваат реакциите на неговите обожаватели.
Секој изведувач би бил воодушевен, мотивиран и пресреќен кога постојано би добивал ласкави пораки од обожавателите.
Иако помина само една година откако Ристе се победи на „Гранд“, тој веќе има армија фанови, кои за неговата нова песна имаат само пофални зборови.
Едно момче дури му напиша дека тој му е идол и од него учи да пее. Еве што добива Ристе во приватни пораки, па гордо ги објавува за сите да видат.