Како и претходните неколку сезони и оваа сезона во „Ѕвездите на Гранд“ седи истото жири, односно Јелена Карлеуша, Марија Шерифовиќ, Ана Бекута, Вики Миљковиќ, Драган Стојковиќ Босанац, а од претходната сезона и Ѓорѓе Давид.
Од претходната година, некој член од жирито им е ментор на кандидатите, па заедно работат и се подготвуваат за новите кругови.
Жирито во емисиите знаат да се скарат и да направат вистински хаос.Така беше и во последната емисија која се емитуваше оваа сабота.
Имено, жирито знае често да се пошегува на сметка на Саша Поповиќ дека малку заработуваат.
Меѓутоа, во последната емисија Ѓорѓе Давид откри кој член најмногу заработува.
„Марија Шерифовиќ има најголемо влијание на сите нас бидејќи има најмногу пари“ вели рокерот, а на ова изјава Марија само се насмеа.
„Од кај знаеш ти кој најмногу заработува“ го праша Јелена.
Целата приказна остана на овој коментар од Карлеуша бидејќи Ѓорѓе не сакаше да и одговори.