Победничката на реалното шоу „Задруга“ Кристина Кија Коцкар, заедно со групата “Министерки” минатата ноќ настапуваше во Бор, пред околу 4.000 фанови кои внимателно го следеа секој нејзин чекор и пееја во еден глас.

Кија и „Министерки“ инаку настапија во Бор по повод Денот на рударите, а вистински делириум настапи кога ја изведуваа најновата песна „Не се враќам на старо“, која достигна над 10 милиони прегледи на Јутјуб.

„Да, нè гаѓаа … но само рози и аплаузи“, напишала Кија на Инстаграм, преку кој им се заблагодари на сите обожаватели кои сакаа да фотографираат со неа, но, исто така, им се извини на сите оние кои не стигнаа да се сликаат, па беа лишени од заедничка фотографија со неа и девојките од групата.