Откако настапи во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ и измами воздишки со својата појава и изглед, сите се прашуваат која е згодната Каролин Велковски?
Младата Македонка која има охридско и прилепско потекло, која живее во Австрија, студира право и работи во Виена, меѓудругото ја отпеа познатата македонска песна „Судбо моја“, а потоа и отпеа една песна на Јелена Карлеуша. Меѓутоа, нејзиниот втор настап не им се допадна баш на сите.
Жирито ја награди со 5 големи гласови кои ѝ овозможија да оди директно во баражот, а Саша Поповиќ мислеше дека ѝ недостига шесттиот.
„Босанец попушти, види што можеше да добиеш?“, го праша Марија, алудирајќи на бакнежот на Цеца.
„Од каде знаеш дека веќе не сум добил?“, се пошегува Боске, објаснувајќи го својот потег.
„Овде одиграв двоен натпревар, морав да гласам за Јелена и типувам на Цеца.
По малата шега, жирито се врати на коментирање на натпреварувачката и открило дека девојката многу напредувала во однос на првиот круг кога имала само еден глас.
За жал, Каролин Велковски по последното појавување во шоуто, не се пласираше во следната рунда од натпреварувањето на „Ѕвездите на Гранд“. Сепак, тоа не значи дека настапот на оваа натпреварувачка поминал без комплименти.
Каролин се појави на сцената во провокативно издание и членовите на жирито ја пофалија дека мошне модерно и секси изгледа. На некои членови од жирито особено им се допадна тоа што оваа атрактивна пејачка со македонско потекло покажа дека и одлично танцува додека пее.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/karolin.ski_