Темата за загадувањето е повеќе од алармантна, а истата не засега сите без исклучоци!
ТВ водителката Александра Илиевска за својата свесност околу оваа тема реши да преземе чекор и да не остане само на муабети, коментари на социјалните мрежи и полемизирање.
Имено, таа се реши да биде одговорна со тоа што се откажа од комфорот на својот автомобил, па за превозно средство низ град избра да користи тротинет.
фото:александра илиевска/инстаграм
Во Македонија станува сè потешко да се изборите за чист воздух, а на сите нас ни е се потешко да ги напуштиме автомобилите и повеќе да се користи јавниот превоз или велосипед,тротинет инт…. Која е твојата мерка во борба против загадениот воздух?, прашува водителката во описот на својата фотографија каде позира со своето ново модерно превозно средство.
фото:александра илиевска/инстаграм
Изговори за тоа дека е студено, па не се вози велосипед или тротинет се излишни, секако за оние кои се во можност и состојба да ги користат.
Тука е и јавниот превоз, а постојат уште начини како да и помогнеме на средината и на самите себе!