Синот на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ моментално ужива во врска со актерката од популарната серија „Игра на судбината“, Милица Томашевиќ.
Сепак, малкумина знаат дека Милица завршила два факултета, а своевремено работела во РТС каде ја водела емисијата „Ноќ на луди луѓе“. Актерката порасна во Косово, каде во 2011 година ја освои ласкавата титула Мис на Косово и Метохија.
Детството го поминала во родниот Зубин Поток, каде што живеела до 13-годишна возраст, по што се преселила во Белград.
Дипломирала на Факултетот за уметности во Косовска Митровица, како и на економија, кои ги студирала паралелно. Сепак, глумата, како што истакнува во интервјуата, е на прво место.
„Размислував за архитектура, но изборот падна на економијата, па паралелно со оној за актерска игра, полагав приемен испит на Економскиот факултет и бев прва на ранг -листата. Тогаш решив да ги завршам двете студии и бев принуден да си го најдам патот, поминав по три месеци дома и во Белград и некако успеав да вклопам се. Беше тешко, но издржав, а сега економијата ми помага да се снајдам. Дури и колегите често ме прашуваат за економски или банкарски совет“ – изјави еднаш Милица за „Глорија“.
Милица важи за една од најубавите дами на јавната сцена и иако ги има најголемите природни атрибути меѓу колешките, тоа не го покажува.
Таа е многу активна на социјалните мрежи каде често прикачува фотографии од сетот, но и од луксузните патувања во кои ужива.
Фото: Инстаграм принтскрин/mtomasevic222