Радио Милева
си отвори душа...

Кој се кара, тој се сака: И покрај сите кавги со фолк дивата, Мили отворено призна дека е опасно заљубен во Цеца! (ФОТО)

Кој се кара, тој се сака: И покрај сите кавги со фолк дивата, Мили отворено призна дека е опасно заљубен во Цеца! (ФОТО)

Само неколку недели откако стави точка на емотивната врска со Богдан Срејовиќ, љубовниот живот на Светлана Цеца Ражнатовиќ повторно е во центарот на вниманието на јавноста.

Во текот на најновата епизода од музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ се слушна признание кое сите ги остави без зборови.

Имено, Цеца и Мили по кој знае кој пат влегле во конфликт кој овој пат го прекинал Ѓорѓе Давид со зборовите:

„Александар Милиќ Мили е многу сериозно заљубен во Светлана Цеца Ражнатовиќ, и тоа е заљубен како коњ“!

Наместо ова да го демантира или да се пошегува, Мили решил повеќе да не ги крие емоциите, па со својата исповед ги шокирал сите присутни.

„Јавно го потврдувам тоа, веќе не е тајна“, срамежливо изјави Мили.

И после кажете онаа, народната: „Кој се кара, тој се сака“, дека не е тона?!

Фото: Инстаграм принтскрин/zvezdegranda

Останати вести од Радио Милева