„Не сум губитник ти знај, не се предавам до крај…“ пее македонската под дива Калиопи Букле на која освен музиката која е нејзино главно занимање, таа наоѓа време кога може за да игра тенис.
Нејзината страст кон спортот почна одамна, а тогаш таа изјави дека освен што пешачи по 10 километри дневно на 43 години почнала да тренира и тенис, зошто никогаш не е доцна за ништо во животот.
Сега таа за прв пат, објави кратко бумеранг видео, облечена во спортска облека држејќи го тенискиот рекет подготвена да замавне.
– Кој сака да игра со мене? – напиша таа под објавата која се појави на нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм.
View this post on Instagram
Познато е дека Калиопи е жесток навивач и верен фан на српскиот тенисер Новак , па во позитивните коментари се најде и еден шеговит во кој пишуваше кратко и јасно – „Ѓоковиќ“.
Нејзината инспирација кон тенисот можеби била токму тој бидејќи Калиопи во едно интервју за српските медиуми јавно го замолила познатиот тенисер за еден индивидуален тренинг.
Калиопи е вистинска музичка дива, на која ѝ се восхитува публиката од сите генерации, а сега таа докажа дека страста кон тенисот е нејзина голема рекреација.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Калиопи Букле/ Новаќ Ѓоковиќ