На Сара Костадиновска која пошироката јавност ја знае како Сара Мејс, музиката и е „прва љубов“… Се’ во животот, покрај семејството, се разбира! Поп пејачка на естрадата, харфистка во светот на класиката при оркестарот на МОБ, не ретко знае да ги „измикса“ едното со другото, па токму со еден таков, ама сепак поинаков микс на македонскиот традиционален, изворен фолклор и звуците на харфата, изведбата на екстравагантната македонска уметничка душа ќе се слуша надалеку во светотот.
Сара обзнани дека за овој роденден веќе е во најава нејзиниот најубав роденденски подарок. Но, не од сопругот или семејството, кои секако нема да изостанат, туку овој е малку поинаков, понеобичен, кој ретко и тешко се добива, зашто за него треба да се избориш! Роденденот на Сара, случајно се поклопува со светскиот ден на нејзиниот инструмент – харфата, па токму за тој 20-ти октомври, уште сега и стигна (не)очекуваниот подарок.
Имено, Сара е избрана да ја преставува Македонија токму на светскиот ден на харфата и нејзин роденден, 20 октомври, како дел од меѓународниот проект на Окса.
„Јас сум пресреќна што објавувам дека настапувам на ‘Светскиот ден на харфата’ – 20.10.2020 и ја претставувам мојата земја, Македонија.
Инспирирана од нашата прекрасна македонска народна песна ‘Сербес Донка’, напишав парче (варијации на темата Сербес Донка и една оригинална тема) наречена „Донка од Македонија’. Ви благодарам ‘Окса проџектс’ што ме избравте, застапувавте и ме поддржувате“ – напиша со воодушевување нашата уметничка душа на својот Инстаграм профил, уверена дека претстојниот роденден ќе и биде највозбудливиот роденден досега!
Дали Сара „лесно се возбудува“ или возбудата се случи уште пред да започне – сеедно, ама за нејзиното воодушевување придонесе уште едно изненадување. А такво и приреди, како што самата харфистка вели, нејзиниот идол, светски познатиот уметник и еден од најдобрите на овој инструмент, Александер Болдачев, откако ја „шерна“ на Инстаграм!
„Алооооо, животе, дали се слушаме? Дали тоа Болдачев ме шерна на сторииии? Аааајјј, леле… ќе ми пукне срцево. Не заспивам јас оваа ноќ, тоа е… Кога идолот ќе те шерне, кога најдобриот харфист на светот лабаво те тагнува на стори, џускаааам“ – извикуваше во стилот на преводите од турските серии, фасцинирана од гестот и воодушевена од чинот на нејзиниот идол, па својата радост Сара Мејс ја сподели со сите, „all over the space“! До душа не дознавме дали мирно заспа или „џускаше од среќа до зори“, но ете и тоа се стори… Нашата Сара да биде во светското друштво на најдобрите за светскиот ден на својот инструмент, а тој ден, случајно и нејзин роденден!
Заслужен (пред)роденденски подарок, зашто не е мала работа да си во друштво на светската елита, па макар и виртуелно, на еден ден, како нашата „Сербез Сара“!
П.С. Нејзиниот сопруг водителот Димитар Атанасовски, Опра Винфри на пример, се’ уште не го шернала?!!