Ништо лично ништо лично

Кој и купи на „специјалната“ мебел за да би не… во здрав мозок?

Кој и купи на „специјалната“ мебел за да би не… во здрав мозок?

Истрагата за „Рекет“ е проширена. Приведена е „специјалната“ и со тоа аферата почнува да ја добива својата разрешница. Само што по се’ изгледа некој ќе се обиде завршницата да биде салонска! Со мебел и „рекет на ситно“! Јавното обвинителство откако му вадеше 40 дена на „Рекет“ конечно се свести. Или така купуваше време пред јавноста, додека некој ги редеше коцките во позадина, за што побезболно да се „прележи“ фаќањето на ортаците со спуштени гаќи?

Како и да е, ЈО се огласи на прес конференција. Имале индиции, вербални и материјални докази, дека специјалната“ ја злоупотребила службената положба, ама види мајката, за само неполни 5.000 евра!? Речиси една нејзина плата! И тоа како подарок во купен мебел! Да не е трагично би било комично, ама прашање е кој е овде главниот циркузант?

Јавниот обвинител Јовевски со приказна за мали деца! Патем и самиот како малите деца кога ќе ги остават родителите сами дома и ќе им кажат никому да не отвораат. И кога некој непознат ќе им ѕвони, детето самото ќе се истрча пред вратата одвантре за да каже: „Нема никој дома“, откривајќи ја така состојбата! Така и јавниот обвинител сам се истрча на пресот да каже како прииказната завршува тука и нема индиции за вмешаност на домашни или странски политичари!

Но, дали вака поедноставената приказна е вистинската слика за „Рекет“? Дали набрзина фиктивно размрсените конци, всушност уште повеќе не ја замрсуваат сликата на гобленот, кој неговите везачи се трудат да го завршат тука, оставјќи го недовезен! Зашто со секој негов нов одмрсен јазол, се стега јазолот на јамката околу нивниот врат!

Од друга страна остануваат уште низа прашања нејасни и неодговорени, како на пример каде завршиле Луј Витон парите, кави пари биле оние што легнувале на сметката на Сојузот на Боки 13 и авторските договори, како биле истите трошени, што е со даночните обврски и на Сојузот, на 1ТВ и БМЈ медиа груп…? Или 40-те дена беа искористени да се купи време за да се прередат коцките, да се одберат жртвените јагниња и останатиот дивеч за отстрел, да се смисли „ефтина приказна“ за што полесно и побезболно да се помине. Кој што полесно низ аферата, кој што помалку време во Шутка и Идризово! Па затоа се’ треба да се сведе на 5.000 евра во стока или роба, сеедно, од 8 милиони во кеш? Ако не се и дупло или тродупло повеќе! Ќе дознаеме ли воопшто некогаш кој е главата на октоподот или ќе не подлажат со само две-три сервирани лигњи во порција? Ќе се открие ли кому му текна да и купи на „специјалната“ мебел, за да би не… во здрав мозок!?

Но, ако мисли дека со тоа што и ги опремил дневната и спалната на „специјалната“, па и ја испорачал „фискалната“ на јавноста ја завршил приказната, дебело се лаже, зашто со тоа само го замачкал злосторството. Допрва следува казната!

To top