Ќерката на фолк-пејачот Милан Топаловиќ- Топалко, Хелена Топаловиќ важи за една од најатрактивните славни дами во Србија, а особено е популарна на Инстаграм, каде ја следат над 200.000 луѓе.
Таа се прослави по врските со пејачите Јоцо Стефановиќ и Слобо Васиќ, а потоа сама почна да ја гради кариерата.
Кога е изгледот во прашање, таа прво ги коригираше усните, а потоа беше напишано дека и ги среди и јаболчниците, покрај тоа многумина коментираат за нејзините гради кои е очигледно дека се силикони.
Една стара фотографија што осамна на Интернет покажува дека Хелена порано имала тенки усни, како и дека изгледала значително поразлично од денес, иако често истакнува дека имала само естетска корекција на усните.