Во текот на ноември, real-time платформата (https://analytics.live) анализираше 200+ Instagram профили во Република Македонија во категоријата Showbiz, по се добија првите три највисоко рангирани пејачки според бројот на добиените реакции (допаѓања, споделувања и коментари) од публиката, информираат од Пикаса Аналитикс.
Методологија – „Пикаса“ ја користи својата онлајн-платформа аnalytics.live за да следи во реално време повеќе од 1.300 медиуми и илјадници канали на социјалните медиуми во 6 земји од Западен Балкан (Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Република Македонија).
Платформата за аналитика ги прикажува медиумските написи заедно со нивната соодветна пенетрација на платформите на социјалните медиуми (Facebook, Instagram, Twitter, YouTube) броејќи ги сите видови активности и реакции (лајкови, споделувања и коментари).
Резултатите се следниве:
Од анализата произлегува дека највисоко рангирана пејачка според бројот на добиените реакции (допаѓања, споделувања и коментари) од публиката во Македонија е младата Антониа Гиговска.
Веднаш зад неа е пејачката од Македонија со албанско потекло, Аделина Тахири, додека третопласирана е веќе етаблираната и еден од најдобрите македонски женски вокали, Тамара Тодевска.
Анализата не содржи параметри кои покажуваат на што се темели нивната популарност на оваа социјална мрежа. Дали е тоа нивната општа популарност заради нивните песни, односно хитови, дали заради популарноста меѓу младите стекната со настапите по кафулињата, клубовите, дискотеките… ширум Македонија, дали можеби заради нивната активност на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, каде секојдневно самите прикачуваат и споделуваат различни содржини во вид на фотографии и видеа? И тоа не само музички, туку најчесто оние од секојдневието и нивниот приватен живот!
Или можеби написите и објавите во медиумите токму за нивниот приватен живот, кој во последно време е мошне турболентен и интересен за јавноста. Особено оној на двете Македонки, па и на Албанката.
Впрочем, Антониа Гиговска неодамна имаше раскинување на долгогодишната врска со љубовна афера за наводна прељуба, како од турска серија во продолженија…
Тамара Тодевска исто така, па нејзината навидум „семејна хармонија“ по која сите мислеа дека пејачката конечно се смирила, од нигде-никаде изненадно доживеа „брачен бродолом“ со бракоразводна постапка која е во тек.
Аделина Тахири покрај раскошниот живот во кој ужива и луксузот кој секојдневно го прикажува токму на Инстаграм, стана дополнитело интересна за јавноста откако влета во брак со познат Македонец, адвокатот С. Марков, кој зад себе остави сопруга и ќерка, за да да влезе во брак со албанската пејачка.
Што од сето ова, (а, можеби сето заедно) придонесло за огромната вирална популарност на пејачките, засега останува прашање за дополнителна анализа?!
Фото: Инстаграм принтскрин/adelina_tahiri1/tamaratodevska/antoniagigovskaa