Мегафон евровизија 2019

Кои се причините што премиерата на нашата евровизиска песна е одложена за 8 март?

Кои се причините што премиерата на нашата евровизиска песна е одложена за 8 март?

Наместо вчеравечер, понеделник 4-ти март како што беше најавено, премиерата на евровизиската песна „Proud“, со којаТамара Тодевска ќе нè претставува на „Евровизија 2019“, е одложена и презакажана за во петок, на 8 март, во централниот дневник на МРТ1 во 19.30 часот. Веста ја сподели и пејачката со кусо видео на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

08.03. #proud #teamtamara #eurovision2019 ❣️

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska) on

Имајќи ја предвид самата тема на песната, уште посоодветно е истата да биде претставена токму на Меѓународниот ден на жената?! Како што најави Тамара, во Телавив ќе пее за својата  ќерка Хана, а на сите жени ќе им порача да бидат горди на себе!

Дали се работи за некакво доцнење во финализацијата на песната, во прашање се некакви нејзини аранжмански или постпродукциски преправки или продукциска доработка или едноставно во МРТ се премислија и го поврзаа денот на жената со насловот на песната и содржината на стиховите, па го одбраа 8-ми Март за новиот датум на промоцијата на „Proud“, остануваат од јавниот сервис должни за одговор!?

 

To top