Радио Милева хит на социјалните мрежи

Кога висок човек ќе седне во фико: Сергеј Четковиќ седнал позади воланот, а главата ја извадил над подвижниот кров (фото)

Кога висок човек ќе седне во фико: Сергеј Четковиќ седнал позади воланот, а главата ја извадил над подвижниот кров (фото)

Пејачот Сергеј Четковиќ насмеа многумина со објавата на социјалните мрежи,  кога објави видео како вози фико.

Имено, главата на познатиот пејач додека се возел „ штрчела“ од автомобилот, а нозете едвај му биле внатре, што им се допаднало на оние кои во голем број го следат на Инстаграм. Сергеј е висок два метри, па оваа слика не е чудна.

Сопругата Кристина го снимила додека вози, па почнале лавина од коментари.

– За мојот Четковиќ да седне на седиштето, мора да ја извади главата низ прозорецот, лактите низ прозорецот и вози Мишко, напиша сопругата и ги насмеа сите.

„Голем човек, што ќе правиш“, „каков крал“, „Те обожавам“, се само дел од коментарите што им ги пратиле.

Фото:Принтскрин/Инстаграм

To top