Радио Милева русокоса во црно

Кога Тијана ќе го истури сиот свој сексапил: Разголената Ула си ветила да ви ги разбуди сите сетила! (ФОТО)

Кога Тијана ќе го истури сиот свој сексапил: Разголената Ула си ветила да ви ги разбуди сите сетила!  (ФОТО)

Македонската поп пејачка со белградска адреса на живеење, периодов кај нас е актуелна и со улогата на Германката Ула, во хумористичната ТВ серија „Преспав“, улога која велат дека ја одиграла подобро отколку што би ја играла било која глумица. Наводно, заради тоа што по сензебилитетот и каркатерот е многу блиска со карактерот на ликот во серијата…

Дали е тоа токму така е прашање за публиката и ТВ критиката, ама дека и таму и во новата фотосесија таа е толку секси што Тијана или Ула ќе ви ги разбуди сите сетила.

Имено пејачката (и актерка) решила пред фотообјективот на Андреја Дамљановиќ да го истури сиот свој сексапил, а овој од него направил еротско волшепство: ништо не се гледа и не е вулгарно, ама се’ се насетува и е примамливо!

Иако некои велат дека пејачката важи за „ладна“, од она што  нејзината нова фотосесија го нуди, очигледно е дека Ула знае и тоа како да биде „жешка“…

Од истакнати долги нозе, преку длабоко деколте од кое срамежливо ѕиркаат тетоважите по нејзините гради, па се до лице кое продава насловни. Русокоса во црно… Тијана или Ула, сеедно… Очигледно си ветила да ви ги разбуди сите сетила!

 

To top