Радио Милева

Кога таа пее цело студио е на нозе: 90 – годишната Доби од Дојран растури во музичкото шоу

Кога таа пее цело студио е на нозе: 90 – годишната Доби од Дојран растури во музичкото шоу

Во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“  музички се натпреваат талентирани кандидати од зрела доба.

Меѓу нив е и нашата македонска претставничка Добрила Ивановска Чабриќ од Дојран.

Уште од самото претставување на сцената на Гранд, Доби со својата енергија  и дух ја освои публиката и регионот. Секогаш позитивна и ведра, полна со енергија.

„Јас се чувстувам младо бидејќи живем со вас, со вашата генерација“, во една прилика изјави Ивановска.

Во секоја емисија таа го воодушевува жирито, а и присутните во студиото, па никој не може да остане рамнодушен на нејзиниот пеење и харизм. Кога и да застане на сцена, целото студио е на нозе.

Во последната емисија на „Никогаш не е доцна“ таа ја пееше „Каљинка“, а членовите на жирито беа импресионирани од нејзината интерпретација.

„Госпоѓо Добрила Вие ме оставивте без зборови. Вие имате толку добра енергија, прекрасно пеете, изгледате неверојатно. Како да имате 50 години, а не колку што имате, изјави Ивана Селаков.

Добрила помина во следниот круг односо во финалето на „Никогаш не е доцна“.

To top