„Паѓам на спомени“ е првата авторска песна на неготинското поп дуо „Бонгас и гитарес“ (Bongas And Guitares), која музичарите ја објавија непосредно пред крајот на 2018 година.
Автор на музиката е вокалистот и гитарист на дуото, Дејан Ѓорѓиев, а стиховите ги потпишува Ивана Димова, додека аранжманот е на Филип Стевановски.
Сето тоа визуелно го дополни Лазар Сотиров, кој се погрижи за режијата и монтажата на видеото. Втората половина од дуото кое постои од 2016 годинаго сочинува перкусионистот Лазар Сотиров (конги и тапани).
Изминативе две години тие беа доста зафатени со настапи ширум Македонија, изведувајќи бројни домашни и светски хитови, а оваа прва авторска песна е одлично дополнување на нивниот богат „тезга“ репертоар. Како звучи и изгледа првенчето на „Бонгас и гитарес“ дознајте во продолжение.
Извор:РадиоМК