Радио Милева моќта на кревкоста

Кога Снеже Велков ќе те мотивира, се’ во тебе експлодира: „Биди најдобрата верзија од себе и… блескај“ (ФОТО)

Кога Снеже Велков ќе те мотивира, се’ во тебе експлодира: „Биди најдобрата верзија од себе и… блескај“ (ФОТО)

Снеже Велков која ја знаете како ТВ водителка или пилатес инструкторка, социјалните мрежи не ги користи за „инфлуенсерско тезгарење“ или  за да ги „инспирира“ мажите, како што повеќето познати дами и нејзини колешки тоа го прават, туку и за да ги мотивира сите припаднички на понежниот пол и тоа во разни области.

Од тоа да не бидат „очајни“, туку добри домаќинки, посветени мајки, предани сопруги… со еден збор на универзалните човечки и традиционалните семејни вредности… Во добрината е убавината на еден човек, велат, но, за на крајот да не испадне дека добриот и „будалиот“ се браќа, човек треба најпрвин да се сака, цени, почитува и вреднува себе си… Само така истото ќе може да го очекува и од другите.

Самодовербата и мотивацијата, покрај сите деруги квалитети, знаења и вештини се движечка сила на личноста, па попусто инспирацијата и соништата, ако не си сигурен во себе и доволно силно мотивиран да посегнеш по нивноито остварување, без оглед на сите сопки, рампи и ѕидови, пречки и препреки на патот.

Токму убавата и шармантна водителка и пилатес инструкторка на својот Инстаграм сподели мотивационен пост во кој им се обраќа на припадничките од понежниот пол, кои на половина пат да станат „принцези“, налетале на некој „лажен принц“ кој се обидел или успеал да ги претвори во „жаба“!? И тоа само заради недоволната храброст да му се спротистават, несигурноста во себе: како после него, или изгубената самодоверба дека не можат и без него, апатични, немоќни и неподготвени дека еднаш треба да и се стави крај на „лажната бајка“ која всушност е нивен „кошмар“. Брачен, животен, љубовен, приватен, професионален, работен, општествен… Каков и да е!?

„Сакав да ти кажам дека си убава.

Да ти што читаш сега,Ти  си убава и имаш самодоверба и си храбра и силна.

И сабајле кога стануваш си најубава.

Веројатно не се сеќаваш ама кога се будеше наутро ти беше најубавото нешто што го гледаше твојата мајка.

Аха и такво сонливо и бушаво и со полна мочана пелена те гушкаше мама…Зошто ти си совршенство.

И кога ќе се измачкаше по муцето дур те хранеше баба- беше најубава.

И кога сама ќе се  “дотераше” со кармин низ лицето и лак на фустанчето  и тогаш беше најубава и се перчеше знаеш?

И кога ќе паднеше па белите хулахопки ќе ги направеше со прав и тогаш гордо ќе се истресеше и ќе се вратеше во игра …

И кога фустанчето ќе ти се поткренеше напред оти мешето ти беше големо..тоа не те спречуваше самоуверено да викнеш:Јас принцеза!🙌

Ти кажувала мама сигурно како си го бакнувала огледалото бакнувајќи се себе си дека се сакаш.

И кога врескаше на цел глас замислувајќи се дека си позната пејачка знаеш дека во тој момент ти беше тоа

И кога ќе ги построеше децата пред зграда и ќе им речеше е сега јас сум ви учителка знаеш дека веруваше во тоа…

Па убава,храбра,сигурна и самоуверена принцезо… Зошто мила му дозволи на светов да те направи кревка?“ – напиша Снеже во мотивациската порака, потенцирајќи ја всушност моќта на кревкоста која лежи во секој/а од нас.

Мотивирачки, самоуверливо, храбро, сигурно, одважно, силно… и пред се корисно! Единствено останува дилемата дали важи само за „принцезите“ во приказната на Снеже Велков или можеби и многумина од „посилниот пол“  подлежат на истите слабости? Односно, дали мотивациската лекција е универзална приказна која важи за сите… НАС?

 

 

To top