Македонската ТВ водителка на емисијата „Фронт“ на ТВ Канал 5 , шармантната Анастасија Деа Богданоска е навистина е необична девојка. Загадочна и мистична, доколку некој сака да ја „дешифрира“, ќе треба навистина машки да се потруди и помачи.
Деа едноставно целиот свој имиџ го гради како животот да и е завиткан во велот на мистеријата, па дури и нејзините фотографии и постовите на социјалните мрежи, многу често содржат чудна порака! Веројатно за повеќето, но не и за тој што сака да ја разбере.
Така на пример, покрај една од последно постираните фотографии на Инстаграм, на кој водителката преку наслонот на фотелјата ја префрлила левата рака која не се гледа до крај во кадарот, поставила загадочен пост. Дилема, трилема или „мултилема“… Една реченица со повеќе пратпоставки и прашања во неа.
Имено, сакајќи да потенцира колку работата и е заморна за нозете додека стои и ја води ТВ емисијата „Фронт“, Деа прашува:
„Можеби во левата рака држам цвеќе…можеби чаша вино…а можеби и штиклите кои едвај чекаш да ги соблечеш штом ќе стигеш дома од работа“.
Можеби! Ама можеби и не мора да носи високи потпетици (штикли) на работа додека „Фронт“ го води стоејќи, зошто емисијата ја води од зад пултот од кој не се гледа во што е обуена, зашто камерата ионака ја снима само до половина!
Затоа, можеби може… и боса! На емисија, секако! Па, откако ќе дојде дома ќе ја ослободи и левата рака… За цвеќе или за чаша вино, можеби? А, можеби… и за нешто трето!?