Македонската мисица, топ модел, пејачка… Кристина Димитриевска тргна да гради кариера на неколку полиња, но никако не го запоставува ниту приватниот живот. Или поточно, неговата слатка страна – проводот.
До душа „ноќната шема“ некако оди во пакет со можностите за чекор погоре во кариерата, зашто магијата на ноќните излегувања најчесто е најзабележлива од оние кои од убавиците создаваат ѕвезди. Музички, манекенски, инфлуенсерски… зависи која каква кариера гради или „трите во едно“, па каде најмногу запали, како што тоа Кристина го прави.
Впрочем волшебството на ноќниот провод е и заради лична сатисфакција, но и заради малку поинаква акција во која се стекнуваат нови пријатели, познанства, спонзорства, се добиваат нови улоги, кои подоцна го олеснуваат или скратуваат патот кон успехот. Конечно, не може да бидеш јавна личност, позната и популарна, а никаде да не се појавуваш.
А, кога веќе треба или сакаш да се појавиш, та било тоа само и за сопствен провод и лично задоволство, како јавна личност мора да изгледаш совршено. Особено ако си дама, а убавината ти е адут за место меѓу ѕвездите.
Кристина тоа добро го знае па затоа секое нејзино појавување е пријатно изненадување. Особено за машките очи, зашто сиот свој сексапил и телесна дарба од мајката природа, знае како да ги стокми и спакува, па со својата појава и без да сака да атакува во будењето на сите сетила, на оние кои ќе се најдат на истите места кои таа вечер таа ги посетила.
Кристина со својот ултра секси стајлинг каде и да се појави постојано шири еротски набој, та била облечена во кусо мини фустанче како пред некое време, под кое не се носат ни градник ни маички, а можеби ни гаќички?
Или тоа е долг елегантен фустан без ракави со голи раменици, со пресек околу половината и бокот и длабок шлиц над колкот. До душа гаќичките овој пат дефинитивно се задолжителен аутфит кој срамежливо ѕирка од длабиот шлиц, за да не биде дека мисицата не носи гаќички од каприц!
Впрочем, кога Кристина Димитриевска оди во провод се’ е легитимно… и доволно интимно.
Па дури и моделот на фустанот налик на оној на српските фолк ѕвезди во кој нашата мисица разголена како Карлеуша и Милица, изгледа повеќе од секси!
Фото: Инстаграм принтскрин/kristina.dimitry/karleusastar/senoritamilica