Нејзината бујна, долга, црна виткана коса на некој начин, стана заштитен знак на препознатливост на една од најпопуларните, но и најсексапилни српски актерки, на која годините не и можат ништо.
Таа со години ја носи истата фризура, но, на крајот реши дека е време за промена. Наместо долга коса, се одлучи за кратка права фризура, која ја бојадиса во црвена нијанса, па стана црвенокоса.
Секако, оваа објава беше проследена со многу коментари на шокираните обожаватели, кои не можеа да им поверуваат на своите очи дека тоа што го гледаат на фотографијата е Лидија Вукичевиќ?
Сепак, атрактивната српска актерка откри дека се работи само за улога, а таа своите кадрици ги криеше под уверливата перика.
“Дали би ме препознале? Актер е актер. Почнува снимањето на нова серија и во неа новата јас“- напиша тогаш Лидија на Инстаграм, а сега објави фотографија онаква каква што е, од последниот ден на снимањето.