Радио Милева кариера и мајчинство

„Кога ќе се свртиш, децата пораснале“: Снежана Ѓуришиќ се присети како било пред многу години (фото)

„Кога ќе се свртиш,  децата пораснале“: Снежана Ѓуришиќ се присети како било пред многу години (фото)

Пејачката Снежана Ѓуришиќ проговори за сите актуелни теми и по тој повод изнесе детали од нејзиниот приватен живот.

Имено, таа проговори за жирито на популарниот музички натпревар „Ѕвездите на Гранд“,новите надежи, но и тешкотиите на кои наишла додека ги воспитувала децата и градела кариера.

– Се грижам да не ги доведам во ситуација да се чувствуваат лошо, мора да сфатат дека сите ние што седиме на таа маса имаме искуство и совети за нив. Тие треба да се сметаат себеси за привилегирани. Во времето кога почнавме, требаше се да знаеш, немаше кој да ти каже како. Стануваше построго и требаше навистина да се помачиш за да застанеш до Лепа Лукиќ, Цунет… Денеска се во незавидна ситуација бидејќи веднаш влегуваат на голема врата и малку се губат, тешко се наоѓаат, затоа сме тука да им помогнеме – вели Снежана во „Премиерниот викенд специјал“ и открива колку и било тешко да биде мајка и да изгради успешна музичка кариера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Snezana.Djurisic (@snezana.djurisic_)

– Се плаќа голема цена, има големи жртви, што би рекла мајка ми, јаре и пари не може. Кога ќе се свртиш, гледаш дека децата пораснале. Многу е важно да го поминуваме времето со децата на вистински начин, а с нашата работа е малку потешко бидејќи не сме често присутни. Во одгледувањето на моите деца многу ми помогнаа и мојата покојна свекрва и мајка ми која сѐ уште е жива – вели пејачката и додава:

– Секогаш сум задоволна, не го барам невозможното од животот, само да сме здрави. Важно е да учиме од нашите неуспеси – вели Снежана.

Фото: Принтскрин/Instagram/snezana.djurisic_

To top