Каролина Гочева е на сцената од своја 10 годишна восраст, а музиката и настапите ја следат целиот живот насочен во кариерата.
Во 1994 година таа дебитираше на „Скопски фестивал“, со песната „Кој да ти каже“, која сега ја сподели на својот Фејсбук профил со кометар дека сигурно многумина ја заборавиле песната, но многу се излажа.
-Во живо отпеана на само 13 години, ,,Кој да ти каже” од Кире Костов, во придружба на ревискиот оркестар на МТВ. Истовремено и голем празник „badhairday“ во 1994-тата кој вреди да се спомене, напиша Каролина.
Откако го објави видеото и во описот напиша и дека има лоша фризура, не престанаа да се редат коменатри од обожавателите.
Многумина и напишаа дека многу се излажала околу овој нејзин настап и дека песната ја знаат од стих до стих, а фризурата била баш модерна за тоа време.
Осамнаа и сугестии дека Каролина своите стари песни треба да ги преработи со нови аранжани бидејќи тоа го завслужуваат.
Во продолжение потсетете се на „Кој да ти кажае“ од пред 13 години: