Радио Милева

Кога Гавазова мава – боли глава: До сега опасна за око, отсега и опасна по живот! (ФОТО+ВИДЕО)

Кога Гавазова мава – боли глава: До сега опасна за око, отсега и опасна по живот! (ФОТО+ВИДЕО)

Македонската фолкерка Сузана гавазова по престојот во Македонија за новогодишните и божиќните празници, како и зимскиот распуст, со својот сопруг Јасмин и децата се врати во Шведска.

Како што е познато, Гавазова важи за една од најзгодните, ако не и најзгодната и најсекси пејачка на домашната естрада. Стегната, затегната, разголена, провокативна, таа постојано постира скокотливи фотографии и видеа на која  сексапилната струмичанка изгледа привлечна, пожелна, опасна… за око, и за оние со слабо срце.

Не е тајна дека покрај здравата исхрана формата ја одржува со редовни вежби во теретана… Тоа е она што се знае… Останатото спаѓа во доменот на „брачни обврски“, секако.

Она што до сега не се знаеше е дека Гавазова покрај тоа што е опасна за око, отсега ќе биде и опасна по живот… Се разбира, на оние што ќе се прават „мажи“, па ќе се обидат да ја  опсипуваа со „непристојни предлози“ или не дај Боже, ќе се обидат да ја задеваат! Е, таквите од денес нека му ја мислат! Нафркале!

Зашто од пред некое време Сузана почна да тренира бокс, па сега е ем фолкерка, ем боксерка!

И ако до сега, само кога сексапилната Гавазова ќе се појавеше на сцена, на видео, телевизија или на фотографија… „болеше глава“, отсега, некого и буквално може да го заболи глава… Зашто како мава… Впрочем, погледнете на клипот.

Första boxningsträning! Прва обука за бокс.

A post shared by Suzana (@suzanagavazova) on

To top