Познатиете домаќини на кулинарското шоу „Брза кујна“, шеф Марк и шеф Никола, паузираат од снимањата, камерите, публиката, учесниците, но не и од работата во кујна.
Можеби не се гледаат толку често како кога имаат снимања за „Брза кујна“, но за нив не е неопходна професионалната дружба за да поминат заеднички моменти, да си зготват по нешто и да уживаат, да споделат секојдневни моменти.
Овој пат имаше посебен повод за Марк да се присети на нивното долгогодишно познанство и пријателство, а тоа беше роденденот на Никола.
Имено, тој наполни 35 години, а Марк во знак на внимание, се потруди да пронајде од постарата фото-архива, моменти од пред неколку години кои тој ги опиша вака:
-За твојот роденден, 35 години Никола… ми се вратија слики од почетокот кога се запознавме! Кога бевме млади, убави и слаби…Ахахаха Уште еднаш среќен роденден и се најубаво ти пожелувам „мон ами“ Никола!- напиша Марк во свој стил.
Следуваа стотици честитки во коментари, но и такви дека Марк и Никола им недостигаат на ТВ екраните.
Ова се дел од нивните заеднички спомени по избор на Марк: