Од неодамна пејачката Викторија Лоба промовира еден класа автомобил, а во тоа бесно и луксузно волило и таа е класа со која си одговараат.
Освен тоа Лоба стана заштитно лице на познат козметички бренед, а и на музиката работи под полн гас.
Во вмреме кога провокативната облека, нападната шминка и фризура, силиконските гради и задници го земаат пиедесталот, Лоба е пример дека правилото „помалку е повеќе“ барем на неа, делува совршено.
Русокосата пејачка со руско потекло на својот Инстаграм објави неколку фотографии каде е на некоја приватна вила или винарија среде лозје, а во раката држи чаша вино од кое се насладува.
За оваа прилика Лоба избрала одлична модна комбинација во која изгледа како класа девојка. Бела кошула со голи рамена, кафени панталони со висок струк и елегантно собрана коса во пунџа.
Секако, не претера со голотијата, бидејќи веројатно го знае правилото дека се разголува само еден дел од телото – во случајот рамениците.
Овој изглед заработи илјадници допаѓања и многу, многу ласкави комплимети.