Популарната естрадн0-брачна двојка Реља Поповиќ и Николија Јовановиќ денес имаат две ќерки и се обидуваат да ја зачуваат својата приватност за себе, иако имаат мали расправии во бракот.
Сепак, малкумина знаат дека Николија била среќна во љубовта и пред Реља. Пејачката тогаш живееше и студираше во Грција, а за време на студиите се запозна со денешната голема НБА sвезда, црномурестиот Јанис Антетокумбо, кој тогаш играше за еден од атинските кошаркарски великани.
Наскоро нивното познанство прераснува во врска која траеше две години. Николија редовно одеше и во Америка со него, додека Весна Змијанац сето тоа го поддржуваше.
Сепак, крајот на оваа љубов се случи во 2014 година, кога Антетукумбо инсистираше да започне заеднички живот со Никола во Њујорк, додека пејачката сепак сакаше да се посвети на кариерата во Србија.
Набргу потоа следеше дуетската песна „Алкохола литар“ со тогашната група „Елитни одреди“, а како што се наведува, снимањето на спотот бил моментот кога избувнале љубовните искри помеѓу Николија Јовановиќ и Реља Поповиќ, кој тогаш беше член на овој мегапопуларен бенд меѓу младите.
Антетукумбо стана еден од најголемите НБА играчи на денешницата, а Реља и Николија влетаа во брак и се едни од најпопуларните пејачки имиња во Србија и регионот.
Фото: Инстаграм принтскрин/nikolijaofficial