Ќерката на познатата ТВ водителка Леа Киш, инаку и самата водителка која ја наследила професијата на мајка и, атрактивната Сара Миа Јокиќ деновиве ужива во потоплите предели, на африканскиот континент.
Сара ги запали социјалните мрежи со своите провокативни фотографии од Египет, каде сончајќи се на жешкиот песок ги демонстрираше своите раскошни атрибути.
Атрактивната русокоса измами воздишки кај многумина, а некои дури и понудија и камили за да ја „купат“ и така да го освојат срцето на оваа убавица.
„Беше многу убаво и интересно со тие понуди во камили, но имав некој што ме чуваше и со кого уживав. Беше кратко, но слатко“ – рече Сара Миа, при тоа не оддавајќи ги приватните тајни.
Ниту колку камили понудија бедуините во замена за неа и кому, во замена за оваа расна убавица.
Фото: Инстаграм принтскрин/saramiajokic