Кога ќе се помене презимито Црнокрак, несомнено веднаш на ум на сите им паѓа модното студио на брачната двојка Светлана и Миодраг – Мики Црнокрак. Најголемиот, најпознатиот и најтрофеен бренд во Македонија кога се манекенството, моделството, изборите за мис во прашање…
Место од каде што почнувајќи од самите сопственици некогашни познати модни икони во и надвор од Македонија, па е до стотици други девојки и момчиња кои ги направиле првите чекориво светот на ммодата, таму го учеле првиот манекенски „кет вок“, првите позирања, првите однесувања пред камера, на сцена, на модната писта…
Годините минуваа, брачната двојка Црнокрак ги доби своите наследнички, ќерките Моника и Нина. И додека Мики е тој што успешно го менаџира брендот, Светлана која отсекогаш преставувала поим за вистинска убавина и денес на 43 години плени со свој раскош исто како и на почетокот од својата кариера.
Постарата од двете ќерки – Моника, наследувајќи ги не само гените за убавина туку и дарот за занимавање со манекенство, исто така е успешна во манекенските води и има освоено неколку титули за убавина.
Паралелно со тоа, младата наследничка студираше и на Економскиот факултет при државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Деновиве Моника докажа дека не само млада убавица, туку и едуцирана умница.
Имено, ќерката на Светлана и Мики Црнокрак дипломираше со чиста 10-ка и себеси, но и на семејството му донесе уште едно признание и голема радост.
Овој пат животна, зашто да се заврши на државниот универзитет како дипломиран економист со десетка, воопшто не е мала работа.
Ниту едноставна, ниту лесна, па затоа задоволството, радоста, среќата…
На неа самата, на мама и тато, сестричката, но и на целото потесно семејство беше неизмерна!
Моника со дипломата в рака и грст фотографии од среќниот момент за паматење. Со пресреќните мама и дада, со гордиот тато, сама…
Сега убавината во брендот Црнокрак има нов смисол, добива ново значење… А, може и ново име, односно нов прекар: Моника – „Економика“!
Фото: Инстаграм/Фејсбук принтскрин/Miki Crnokrak