Ќерката на тапанарот на хеви метал групата „Slipknot“, Шон Крејен (49), почина на 22 годишна возраст, а музичарот тажната вест ја потврди на социјалните мрежи.
Шон, кој е тапанар на американскиот бед и познат под сценското име „Кловн“, објави дека неговата најмлада ќерка починала во саботата 18-ти мај.
-Со скршено срце и најголема болка, ве известувам дека мојата најмлада ќерка, Габријел, почина вчера, во саботата 18-ти мај 2019 година – напиша музичарот.
-Имаше 22 години. За деталите на погребот ќе бидете благовремено известени. Семејството и јас молиме за приватност за да можеме да продолжиме понатаму. Ви благодарам – додаде во објаснувањето на црно-белата фотографија од покојната ќерка.
Музичарот не ја открипричината за смртта на неговата ќерка.