По дует песната со колешката Александра Јанева, насловена „Еуфорија“, која во моментов ги тресе радиските топ листи во Македонија и е вистински летен хит, Наташа Малинкова наоѓа малку време за себе си и семејството.
Конечно летото колку и да е згоден период за „жнеење на посеаното“ кога е естрадата во прашање, сепак и естрадните уметници се само луѓе кои имаат потреба од одмор и оддишка.
Тоа згодната кавадарчанка добро го знае, па затоа секој слободен миг го користи да „претрча“ до блиското грчко крајбрежје, кое од Кавадарци е само на два, два и пол часа возење.
Испружена на лежалка под чадорот за сонце на жешкиот песок, Малинкова изгледа уште пожешко во секси бикини, очила за сонце и поглед кој вели: „Не чепкај ја лавицата – мама, додека се одмора сама“! Иако оддамна е мајка на две деца, таа има тело – вретено, на кое очигледно может да и позавидат многу девојки.
А кога веќе сме кај децата, нејзината ќерка Султана веќе не е мало девојче… Малечката израсна во вистинска убавица, девојка која е на чекор да ја засени мама, барем во убавината, иако и мама не се дава, па на последната постирана фотографија од една семејна веселба, обете изгледаат како постара и помала сестра…
Сепак, младоста си е младост, особено најубави се тинајџерските години во кои и е Султана, која станува се поубава… Или што би рекле Султана во годините кога животот почнува да и станува се’ побурен, станува убава и поубава и од султан Хурем!