Радио Милева
нова љубов

Ќерката на Миле Китиќ има ново „проблематично“ момче – еве за кого станува збор (фото)

Ќерката на Миле Китиќ има ново „проблематично“ момче – еве за кого станува збор (фото)

Познато е дека Елена Китиќ стави крај на романсата со поранешниот учесник на реалното шоу Фран, а како што се шпекулира во јавноста додека нејзиното момче беше во реалното шоу, нејзиното срце го освои колегата Михаило Вујиќ.

Новиот потенцијален зет на Миле Китиќ и Марта Савиќ е многу популарен млад музичар, кого девојките го обожаваат, а неговото срце го освои саканата на фолк парот.

Иако ќерката на Миле Китиќ и Марта Савиќ до сега добро ја криеше својата интимност, овој пат на будното око на папараците не изостана фактот што таа и нејзиниот избраничк се вратија исончани и насмеани од романтично патување, па беа „ фатени“ на аеродромот во Сплит, непосредно пред да се качат во авионот за Белград.

Познато е дека Миле и Марта досега во се’ ја поддржуваа својата ќерка, па веруваме дека Михаило веќе е добро прифатен во нивниот дом како иден зет на Миле Китиќ.

фото:Инстаграм/Стори.рс архива

Останати вести од Радио Милева