Познатиот холивудски актер Мет Дејмон откри дека неговата ќерка Алексија (21) е заразена од коронавирус.
Мет од 2005 година е оженет со дизајнерката на ентериер Луцијана Барсо, а нејзината ќерка од првиот брак Алексија ја смета и за своја ќерка.
Парот има уште три ќерки.
Холивудскиот актер неодамна гостуваше во емисијата „Спин“ и откри дека неговата ќерка Алексија се заразила од корона.
„Нашата најстара ќерка оди на факултет, но тој моментално е затворен од коронавирусот. Сепак, таа неодамна беше во Њујорк, па таа и нејзините цимери се заразија“ вели Мет.
Потсетуваме, актерот заедно со сопругата и трите ќерки се наоѓа во изолација во едно ирско село.