Радио Милева Другото лице на кралот на попот

Ќерката на Мајкл Џексон отворено за растењето без татко: „Се’ сама морав да заработам, никој не ми поклони“

Ќерката на Мајкл Џексон отворено за растењето без татко: „Се’ сама морав да заработам, никој не ми поклони“

Поп-sвездата Мајкл Џексон е обвинет од многумина за несоодветно однесување кон деца, но актерката, музичар и модел и негова ќерка Парис Џексон (22) изјави дека нејзиното детство било идеално.

Зборувајќи со манекенката Наоми Кембел во серијата „Без филтер“, таа истакна како нејзиниот татко всади силни работни навики и еклектичен музички вкус.

– Тато навистина се грижеше да биде културен, да имаме добро образование, и не само да ни покажува гламур, хотели со пет sвезди – објасни Парис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝚙𝚔 (@parisjackson)

Таа призна дека пораснала низ целиот свет. Познатиот музичар сакаше да ги носи своите деца со себе, па тие заедно со Парис, постариот брат Мајкл Џозеф Џексон и помладиот брат принцот Мајкл Џексон Втори, патуваа на различни места уште од најраните денови.

– Не беа само метрополи како Лондон или Њујорк, луксузни места за богатите, тој исто така нè однесе во земјите од Третиот свет, па ни го покажа целиот спектар на човештвото – рече Парис.
Младата музичарка е родена во бракот на Мајкл Џексон и Деби Роу. По разводот во 1999 година, нејзиниот татко доби целосно старателство, па дури имаше гласини дека бракот на пејачот од самиот почеток е само финансиска трансакција во која тој би имал деца, а Деби добила паричен надоместок.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝚙𝚔 (@parisjackson)

Парис имала само 11 години кога нејзиниот татко починал во јуни 2009 година, но и таа самата признава дека тој и останал најголем пример до денес.

– Уште од најраните денови требаше да заработиме за работите што ги сакаме. Ако сакавме пет играчки, требаше да прочитаме пет книги. Чувството дека го заработивме, а не дека ни беше дадено, остана во мене до ден-денес. Сè уште сум свесна дека морам да заработам сè, дека ништо нема да ми се даде само затоа што сум ќерка на Мајкл Џексон – објасни Парис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝚙𝚔 (@parisjackson)

Досега, тој напор се исплати. Пред неколку недели таа беше модел во рекламна кампања за новата колекција на модната дизајнерка Стела Мекартни, а во ноември минатата година го издаде својот деби албум „Вилт“. Иако нејзините песни се претежно инди – фолк, и воопшто не наликуваат на големите хитови на нејзиниот татко, Парис признава дека тој е нејзин пример.

– Сакаше класична музика и џез. И хип хоп и R&B. Сепак, тој не избега од Топ 40 хитовите, рок-музиката – рече таа.

To top